Старата училишна зграда со сопствени средства во Дом за култура ја реадаптираше локалната самоуправа. Идејата е овој објект да живее 365 дена во годината со разни манифестации. Во рамки на домот изградени се повеќе современи апартмани каде што ќе можат да престојуваат учесниците на културните манифетсации, но и ученици кои таму ќе изведуват настава во природа. Објектот ќе биде опремен со кујна и парно греење.
Домот на култура во Велестово
Во рамки на свеченоста што се одржува во склоп на Поетската ноќ во Велестово, локалната самоуправа денеска ќе приреди прием за познатиот италијански поет, сликар и скулптор, Винченцо Бјанки кој на Охрид му подари 200 уметнички слики.