18 години еден од најпрепознатливите угостителски брендови во Охрид култниот бар „Кадмо“ испишува успешна приказна на брегот на Охридското Езеро. По тој повод „Кадмо“ на 23 декември организира роденденска забава која почнува во 21 часот со поп пејачот Ѓоко Танески, а за своите посетители ќе понудат и 50% попуст на целото мени во текот на целиот ден.
Успешната приказна „Кадмо“ ja започна во 2006 година кој до денес успешно чекори и се издвојува по својата уникатност во угостителската понуда во градот.
Со истото темпо „Кадмо“ продолжува да биде дел од квалитетната понуда и синоним за добра и квалитетна забава во градот. Во оваа насока е и богата програма која барот ја нуди за деновите околку новогодишните празници, како и за самиот дочек на Новата година.
Постоењето низ години е доказ за успешноста, а довербата од гостите и бројните посетители е мотив плус за понатаму.
OhridNews