Еден од најпрепознатливите угостителски брендови во Охрид, култниот бар „Кадмо“, денес одбележува 17 години постоење.
По тој повод за своите посетители со кои години наназад заедно ја испишуваат успешната приказна „Кадмо“ организира роденденска забава која почнува во 22 часот со бендот „Урбан Планет“, како и 50% попуст на целото мени во текот на целиот ден.
Успешната приказна „Кадмо“ ja започна во 2006 година кој до денес успешно чекори и се издвојува по својата уникатност во угостителската понуда во градот.
Со истото темпо „Кадмо“ продолжува да биде дел од квалитетната понуда и синоним за добра и квалитетна забава во градот и за новогодишните празници.
OhridNews