18 години еден од најпрепознатливите угостителски брендови во Охрид култниот бар „Кадмо“ испишува успешна приказна на брегот на Охридското Езеро. По тој повод „Кадмо“ денес организира роденденска забава која почнува во 21 часот со поп пејачот Ѓоко Танески, а за своите посетители нудат и 50% попуст на целото мени во текот на денот.
Успешната приказна „Кадмо“ ja започна во 2006 година кој до денес успешно чекори и се издвојува по својата уникатност во угостителската понуда во градот.
Со истото темпо „Кадмо“ продолжува да биде дел од квалитетната понуда и синоним за добра и квалитетна забава во градот. Во оваа насока е и богата програма која барот ја нуди за деновите околку новогодишните празници, како и за самиот дочек на Новата година.
Постоењето низ години е доказ за успешноста, а довербата од гостите и бројните посетители е мотив плус за понатаму.
OhridNews