Дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали би можел да го напушти тимот во текот на летниот преоден рок. Според новинарот Џанлука Ди Марцио, 30-годишниот Сенегалец не сака да остане во Италија доколку го напушти Наполи.
Интерес за играчот покажуваат Челзи и Барселона. Актуелниот договор на Кулибали со Наполи е до јуни 2023 година.
Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 35 милиони евра.
Во сезоната 2021/22, Кулибали забележа 34 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи три гола и три асистенции.
OhridNews