Шведскиот фудбалер со македонско потекло Дејан Кулешевски го делат само медицински прегледи за официјализирање на трансферот во редовите на италијанскиот првак, Јувентус од Аталанта.

19-годишниот фудбалер вниманието го привлече со маестралните игри во Парма каде настапуваше како позајмен фудбалер од Аталанта. Во дресот на „млекарите“, Кулешевски постигна четири погодоци и запиша уште неколку асистенции.

Аталанта од трансферот на Кулешевски ќе заработи околу 35 милиони евра плус дополнителни бонуси, кои, ќе зависат од учинокот на фудбалерот.

Кулешевски во 2015 година запиша шест настапи за македонската репрезентација до 17 години, но потоа одлучи „црвено жолтиот“ дрес да го замени со шведскиот. Минатата година, Кулешевски настапи за „викинзите“ и дефинитивно ја одбра Шведска пред Македонија.

OhridNews