Украина влегува во нова фаза и ги прилагодува своите воени единици на оружје според стандардите на НАТО, соопшти денеска министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба.
Влеговме во фундаментално нова фаза за која никој не ни сонуваше пред два месеца – трансфер на вооружените сили на Украина според стандардите на НАТО. Тоа веќе се случува, изјави Кулеба.
Тој потсети дека се започнало со индивидуални мали чекори и одлуки, но претседателот Володимир Зеленски успеал да го убеди американскиот претседател Џозеф Бајден дека е време да се направи тој чекор.
Прво пристигнаа хаубиците, но тоа е само почеток. Ќе дојде многу повеќе. Ова е историски момент, ова е историска пресвртница, рече шефот на украинската дипломатија.
Агенцијата „Укринформ“ претходно ја пренесе изјавата на висок американски функционер кој ги посочи најавите од Пентагон за одржување вежби во Украина на 19 април, на кои украинските трупи ќе се обучуваат на ракување со американските хаубици.
OhridNews