Трансферот на младиот Шпанец Марк Кукуреља од Брајтон во Челзи ќе го направи 24-годишниот фудбалер меѓу најскапите одбранбени играчи на сите времиња.

Според пишувањето на англиските медиуми, Кукуреља успешно ги минал задолжителните лекарски прегледи и наскоро се очекува неговиот потпис за трансфер во Челзи за дури 65 милиони евра, плус осум милиони евра во разни бонуси.

Брајтон за Кукуреља минатиот август му плати на шпански Хетафе 17 милиони евра.

Кукуреља потекнува од академијата на Барселона, но никогаш не доби шанса на „Ноу Камп“ и поголем дел од времето мина како позајмен фудбалер во Еибар и Хетафе.

Трансферот на Кукуреља во Челзи е седми според износот кога се во прашање одбранбени играчи, а најскап дефанзивец останува Хари Мегваер, кој за сума од 90 милиони евра во 2019 година прејде од Лестер во Манчестер јунајтед.

OhridNews