Во рамки на 22 коло од Супер лигата ракометарите на ГРК Охрид денес гостуваат кај екипата на Алкалоид, каде ќе го одиграат последниот натпревар од регуларниот дел.
Не очекува тежок натпревар, но ние сме подготвени и одиме во Скопје на победа. Екипата на Алкалоид е составена претежно од млади играчи кои играат брз и модерен ракомет. Имавме доволно време да анализираме и да се подготвиме. Ако одиграме се како што се договориме ќе се вратиме со позитивен резултат дома, вели левиот бек на ГРК Охрид, Дејан Кукуловски.
Н.С.Ј.
фото/видео. А. Момироска