Куќните совети од стамбените и колективните згради, во иднина  ќе добиваат посебна сметка за потрошената електрична енергија, на броилата за заедничка потрошувачка.

Оваа новина „ЕВН Македонија“ ја спроведува согласно со новините на  Законот за домување,  според кој, куќните совети во станбените згради треба да си регистрираат управители или заедница на сопственици, која како правен субјект ќе ги менаџира сите обврски за заедничкото одржување и за плаќање сметки во зградата.

„ЕВН Македонија“ апелира до куќните совети, по формирањето на новиот правен субјект во зградата, да склучат договор со ЕВН за регулирање на наплатата на потрошената електрична енергија за броилата од заедничката потрошувачка.

OhridNews