На само дваесетина дена од крајниот рок за пријавување на куќните совети, во Централниот регистер до сега се пријавиле само 200 згради, како заедници на сопственици, предвидено во законот за домување, јавува „Макфакс“.

Одредбата во новиот закон за домување, која стапува на сила на 13 август предвидува казна од 300 евра за секој станар од зградата во која нема регистриран куќен совет.

Од Централниот регистер велат пријавените се претежно заедници на сопственици од Скопје, додека од помалите градови речиси и да нема пријавени.

„Зголемен е интересот на апликантите последниве денови иако изгледа се чека последниот момент. Како проблем се јавуваа и годишните одмори на станарите, поради кои не може да се формира мнозинство за создавање на заедниците“ – велат од Централниот регистер.

Некои скопски општини веќе изготвија и терк на статутот на заедницата на сопственици со потребните документи за регистрација, откако увиделе дека граѓаните не се доволно информирани околу регистрацијата.

OhridNews
извор:„Макфакс“