Доколку сакате кондомот да ви биде доставен на домашна адреса, тогаш е вистинско време да се преселите во Дубаи. Имено, во овој град, каде веќе подолго време постои куќна достава на брза храна и кафе, компанијата Дурекс дошла на идеја да отвори служба за носење кондоми на куќниот праг. Како што пренеле агенциите, новата фирма со име „СОС кондоми“ започнала со работа оваа седмица, а на купувачите производите им се испорачуваат на подрачјето на целиот град, во рок од најмногу еден час.

Кондомите можат да се нарачаат од 16 од 04 часот преку смартфон или интернет. Доколку се покаже како успешна, службата ќе се прошири и на останатите градови во емиратот. Иако строго ги санкционира вонбрачните сексуални односи, Дубаи важи за еден од најлибералните емирати во Персискиот залив.