Британецот Геоф Шерл кој снимал аматерски хорор филм ја закопал куклата која заменувала мртов човек во шумата и така кренал голема паника. Полицијата помислила дека станува збор за убиство. Некои луѓе ја забележале куклата која била без глава и повикале полиција.


Режисерот снимал сцена за филмот “Meat After School” во Ештон Енд, близу Хердфоштир, Велика Британија. Ја оставил куклата во грмушките и отишол на ручек. Пристигнале три полициски возила и екипа на форезничари, кои ја зеле куклата, а режисерот го избркале дома.