На фестивалот на секс културата во кинескиот град Гуангжоу излагачите претставиле кукла за дување со ликот на американскиот претседател Барак Обама. Таа била облечена во сино одело и црвена кравата и била сместена десеттина други женски кукли.
Ликот на Обама е многу популарен во Кина. Меѓу најпродаваните артикли со неговиот лик е маица со натпис Маобама со слика на американскиот претседател и Кинескиот поранешен лидер Мао Це Тунг.