Пензионираниот полицаец Бил Агнус од Дурам, Велика Британија, поставил пред својата куќа жолта куќичка за птици која личи на камерите за снимање на пребрзите возачи. Од поставувањето на куќичката возачите во сообраќајот повеќе внимаваат на брзината и граѓаните му се многу благодарни. Агнус рекол дека е само среќна случајност што куќичката има такво влијание врз луѓето.


Необичната куќичка ги има сите обележја на камерите за регулирање на сообраќајот, а нејзиниот сопственик нагласил дека тоа го направил за да спречи евентуална кражба, а не за да го регулира сообраќајот. Од полицијата изјавиле дека се додека не претставува проблем во сообраќајот, куќичката може да стои на своето место.