Еден амбициозен мајстор изградил необична куќучка на дрво за децата на еден свој клиент. Наместо скромна колиба, децата ќе си играат во реплика на вселенска капсула.

Човекот кој се претставил како Си Ло, направаил НАСА куќичка исклучиво од материјал за рециклирање. Објаснил дека синот на неговиот клиент ја обожавал вселената па сакал да го изненади. Поставил ногарки под капсулата како не би се истркалала.