Форест Хантингтон во само една години изградил куќа на дрво со која ги воодушевил пријателите, но и луѓето ширум светот, бидејќи фотографиите многу брзо го обиколиле светот. Изградбата чинела околу 170 илјадо долари. Форест рекол дека целиот проект чинел многу скапо, но за тие пари не би можел да купи ништо на Менхетн. Во склоп на куќате се наоѓа и импресивна скејт стаза.

Иако на сред шума, во куќата може да се користи и интернет и мобилен телефон. Погледот кој го овозможува, и со кој Форест и пријателите кои му доаѓаат на гости се будат, е едноставно прекрасен. Форест е познат во јавноста од претходно. Тој во 2011 година да отказ во Њујорк како би можел да патува и да живее во комбе, па своето искуство го забележал во книгата „Домот е онаму каде што ќе паркирате“. Но, после три години патување, посакал да има постојана адреса. Затоа почнал да ја гради својата куќа од соништата и тоа на дрво. Ја изградил во американската сојузна држава Вашингтон, во близина на Портланд.