Шпанското гратче Сетнил де лас Бодегас е необично место со околу 3000 жители кои живеат под карпи. Сетнил де лас Бодегас е типично андалузиско место сместено во клисурата на една мала река.

Единствено нешто по што се разликува од другите места е тоа што куќите се изградени во и покрај самите карпи. Многу од градбите се изградени на тој начин што само се прошируваат природните пештери. Иако звучи дека градот е изграден како праисториска авантура, достапни се сите модерни содржини, барови, продавници и ресторани. Сите тие се прогласени за најдобри во регионот.