Eден од најавтентичните архитектонски споменици во Охрид, куќата на Уранија, ќе биде комплеттно реконструирана до крајот на оваа година. Овој објект кој Владата трајно и го отстапи на МАНУ, ќе биде одново изграден во истата форма и лик, како и стариот објект кој поради нарушена статика мораше да биде разграден до камените темели.
По статичкото зајакнување, ќе следи факсимилната обнова на објектот, во кој се планира да биде седиштето на Балканската асоцијација на академииите на науки. За реконструкција на Уранија ќе бидат вложени најголемиот дел од 40-те милиони денари колку што Министерството за култура одобри за реализација на проекти на Заводот и Музеј Охрид.