Локалните власти во Силициумската долина кај Сан Франциско ја прогласиле за историски споменик куќата во која како дете живеел основачот на Ејпл Стив Џобс, и каде заедно со Стив Возниак ги направил првите компјутери на Ејпл. Одлуката на членовите на градската комисија за историски споменици била донесена едногласно.
Куќата на Џобс, која личи на ранч, е во сопственост на неговата сестра од 2011 година кога Џобс починал. Гаражата во која во седумдесеттите години од минатиот век всушност бил основан Ејпл, од тоа време останала речиси непроменета. Куќата била направена во 1951 година и припаѓала на посвоителите на Стив Џобс.