Вдовицата на холивудскиот продуцент Арон Спелинг ја понуди на продажба семејната вила во ексклузивниот кварт во Лос Анџелес за вртоглави 150 милиони долари.

Вилата градена во стил на француски дворец со површина поголема од 5 000 квадратни метри која се простира на 18 хектари земјиште е најголемата семејна градба во Лос Анџелес.


Спелинг, кој умре 2006 година продуцираше повеќе познати серии и филмови меѓу кои и Чарлиевите Ангели, Династија, Беверли Хилс и многу други.

Неговата вдовица изјави дека посредникот за продажба го избрала според реакциите на нејзиното куче, кое реагирало различно на секој заинтересиран да ја добие работата на векот.