Еден од најрепрезентативните објекти на старта охридска архитектура, куќата на Робевци деновиве доби нова фасада. Музеј куќата се реновираше изминативе недели. Покрај фасадата беше санирана и променета дограмата со што куќата на Робевцо доби нов, прекрасен изглед. Обновувањето на фасадата и дограмата на куќата на Робевци се реализираше во рамки на програмата за заштита на културното наследство на охридскиот Завод и Музеј, а со средства на Министерството за култура.


Куќата на Робевци во ново руво

ohridnews
фото: Дигитал Фото Мики