Во напуштената вила на Мајк Тајсон во која живеел до крајот на деведесеттите години и понатаму можат да се најдат украси од злато и првокласен мермер. Запуштената вила наскоро ќе добие нов сјај, бидејќи е одлучено од куќата да направат црква. Преубавата била во Охајо му припаѓала на Мајк Тајсон додека не бил принуден да ја продаде поради финансиски потешкотии.
Куќата со пет спални соби, базен, позлатени врати и првокласен паркетм боксерот морал да ја продаде за само 1,3 милиони долари. На врвот на својата слава, Тајсон во оваа вила тренирал пред секој важен меч, а неретко правел и забави и уживал. Меѓутоа, кога бил оптужен за силување, Тајсон го допрел дното и бил принуден да ја продаде куќата. Наскоро оваа градба би требало да стане црква, а Мајк рекол дека ќе ја посети кога ќе биде отворена.