Куќата во која Леонардо Да Винчи со семејството живеел во Фиренца е пронајдена во историскиот центар на тосканскиот град, соопштиле двајца италијански истражувачи.
Според агенцијата АНСА, директорот на музејот од гратчето Винчи, на неколку километри од Фиренца и историчарката Елизабета Уливи тврдат дека успеале да идентификуваат пет куќи на семејството Да Винчи на основ на документите за активностите на писарите и таткото на сликарот Пјеро да Винчи.
Сите пет куќи се наоѓаат во историскиот центар на Фиренца помеѓу квартовите Санта Марија Новела, Санта Кроче и Пјаца дела Синорија. Откритието дека во најмалку три куќи живеело семејството Да Винчи е потполна новост додека за преостанатите две е потврда на претходните хипотези.
J.M.