Куќата на Џон Ленон во Ливерпул, во која живеел како момче, била продадена на аукција на анонимен американски обожавател. Куќата во Њукасл Роуд 9 била продадена на аукција во Каверн Клубот во Ливерпул, каде Битлс свиреле пред да станат познати.
Непознат обожавател за неа издвоил 480 илјади фунти, или нешто повеќе од 770 илјади американски долари. Ленон во куќата живеел со својата мајка до петтата година. Куќата била проценета на 250 илјади фунти, а се наоѓа недалеку од улицата Пени лејн, која иснпирирала една песна на Битлси.