Американската пејачка и актерка Џенифер Лопез и нејзиниот сопруг Марк Ентони го понудија на продажба својот имот во Лос Анџелес, по цена од 8,5 милиони долари.


Куќата во луксузната населба Бел Ер има 4 соби за спиење и пет бањи, – пишува Лос Анџелес Тајмс.

Покрај куќата со европски амбиент, на имотот се наоѓа и гостинска куќа, базен и приватна градина.