Деветоспратницата која ја дизајнирал јапонскиот архитект, Сако Кеичиро, има речиси илјада прозорци. Еден локален новинар преброил 113 прозорци во петнаесет соби на деветтиот кат и дошол до заклучок дека секоја соба има најмалку по 21 прозорец.
Ниедна соба нема целосно квадратен или правоаголен облик, како ни ходниците кои ги спојуваат. На секој кат се наоѓа по една мала градина.
„Внатре изгледа како лавиринт“, вели еден од градежните работници, кој додава дека во животот не работел на сличен проект.
Шефот на градилиштето, Веи, вели дека објектот ќе чини шест милиони фунти. „Само прозорците вредат 500 000 фунти“, додава Веи.
Зградата ќе биде завршена до летото.