Иако многу луѓе ширината на куќата од само 1,67 метри би ја сметале за негативна страна, агентите за недвижности баш тоа го искористиле за продажба на истата. Куќата во западен Лондон која е прогласена за најтенката куќа во Британија има подрум, приземје и три ката, кои се на се зафаќаат 92 метри квадратни.
Агентот Симон Бистон кој е задолжан за продажба на куќата изјавил дека никогаш не видел слична во својата кариера. Вели дека тоа го надополнува нејзиниот шарм и дека очекува многу понуди од самци, бидејќи куќата не е практична за семејства.