Она што почнало како хоби, се претворило во сериозен проект на Елис Стенмен, кој 1922 година започнал да гради викендичка од весници. Овој американски инженер сакал да ја тестира издржливоста на хартијата и да види колку истата е добар изолатор. Тој со помош на лепило и стари весници кои му ги давале пријателите и соседите направил не само куќа, туку и комплетен мебел за истата.
Му биле потребни повеќе од сто илјади весници за куќата чии ѕидови и покрив ги премачкал со лак за да ги заштити од надворешните влијанија. На местата каде лакот паднал, можат да се забележат наслови стари скоро еден век. На проектот работел две години, а истиот издржал цели 88 години.