Куќата во Тејлор, Мичиген, која е стара 84 години се продава за еден американски долар. Градските власти имале план да ја срушат истата за да го уредат националниот парк, но немале пари за таа намена.


Затоа куќата ја продаваат за само еден долар и го условуваат новиот сопственик да ја премести до почетокот на ова лето. Куќата има два спрата и 2110 квадратни метри, а во неа се наоѓаат четири спални соби и две бањи.