Една куќа во Велика Британија на кратко се нашла на мета на рој од повеќе од 30 илјади пчели кои ги преплашиле нејзините станари. Фил Сандерсон и неговата девојка најпрвин забележале дека наеднаш се смрачило, а потоа слушнале ужасно зуење. На почетокот не знаеле што се случува и помислиле дека се спрема страшна бура.


Имале впечаток дека куќата ја опколиле стотина луѓе кои дувале во вувузели. Кога сватиле дека станува збор за пчели побрзале да ги затворат прозорците за да ги спречат инсектите да влезат во куќата. По извесен временски период пчелите се оддалечиле, а Сандерсон успеал да ги фотографира.