Највисоката куќа на дрво, со истоимен назив, има 80 соби, висока е 29 метри, се наоѓа во Кросвил, во американската држава Тенеси и оваа година влегла во Гинисовата книга на рекорди. Дизајнер на ова ремек дело е свештеникот Хорас Бургес. Структурата на куќата се потпира на шест стебла од даб кои се база и има висина од 328 метри. Бургес рекол дека инспирација за изградбата на куќата добил во облик на визија која ја имал во 1993 година. Тој рекол дека се молел и Бог му рекол да изгради куќа на дрво и дека ќе му го даде сиот потребен материјал.
За да го развие својот проект потрошил 12 илјади долари и користел рециклирани материјали од целата земја во период од 14 години. Дрвата ги споил со 258 илјади клинци кои ги поставиле волонтери и самиот Бургес. Во куќата имало 80 соби, вклучувајќи и светилиште кое може да се користи и како кошаркарско игралиште, а има црква и кула со звоно, старински црквени клупи и простор за хор. Оваа година градбата влегла во Гинисовата книга на рекорди и како најголема „црква на небото“.