Куферот на шпанскиот геолог, со два извори на радиација кои се потенцијално опасни, беше украден вчера во близина на Мадрид, а пронајден е денес, неоштетен, пред училиште во предградието, објавија полициски извори.


Куферот со жолта боја и натпис „радиоактивно“, го пронашол минувач кој ги обавестил полициските служби.

Шпанското собрание за нуклеарна сигурност објави соопштение до граѓаните аку случајно го најдат куферот да не го отвараат.

Во куферот се два “радиоактивни извори со ниска активност“, со чија помош геолозите ја мерат дебелината и влагата на земјата.
Материјалот не е опасен доколку не се отвара или уништува, бидејќи изворите на радиација се заштитени во капсули.

Претходна сторија: http://www.ohridnews.com/index.php?mod=3&kat=22&id=4593