Младите играорци од КУД Отекс синоќа го имаа првиот настап на фестивалот. Охридските играорци денеска и утре ќе одржат уште два концерти. Пред италијанската публика тие ќе се претстават со дел од богатиот репертоар на песни и игри од Македонија.
На фестивалот во Пезаро покрај „Отекс“ учествуваат и ансамбли од Србија, Црна Гора, Канада, Унгарија, Италија и од други земји.
Инаку најрепрезентативниот состав на КУД Отекс на 3 јули ќе патува за Франција, а во ноември оваа година ќе реализира турнеја во далечната Австралија.