Со концерт што ќе се одржи денес културно уметничкото друштво „Отекс“ од Охрид ќе го одбележи јубилејот 40 години од постоењето.

На концертот учество ќе земат неколку генерации на играорци и музичари кои биле дел од ансамблот низ долгата традиција на негување на македонскиот фолклор.

Низ игри и песни КУД „Отекс“ 40 години наназад се чувари на македонската традицијата. Друштвото во овој период има реализирано бројни настапи и турнеи низ земјава и надвор од неа.

Концертот ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 19:30 часот, а влезот е 100 денари.

OhridNews