Охридњуз објавува серијал текстови во кои ќе ги претстави успешните охридски приказни во годината што измина, кои се позитивен пример и мотив за заедницата.

Културно уметничкото друштво „Отекс“ од Охрид четири децении успешно ги негува фолклорот и традицијата кои се нераскинлив дел од македонскиот идентитет. Друштвото во овој период има реализирано бројни настапи и турнеи низ земјава и надвор од неа, каде со успех го претставува македонскиот фолклор.

Јубилејот 40 години постоење, КУД „Отекс“ го одбележа во октомври со целовечерен концерт на кој учество зедоа неколку генерации на играорци и музичари кои биле дел од ансамблот сите овие години.

OhridNews додели на КУД Отекс му додели признание „Чувари на традицијата“..

Успешната приказна на КУД Отекс е поместена во 10-то издание на Годишната ревија на настани за 2023 година.

OhridNews