После освоеното прво место на регионалните смотри во Охрид и републичките смотри во Скопје,  КУД „Охриѓанка“ продолжува со успеси и освојување награди надвор од земјава.

При турнеата во Турција на која членовите на КУД „Охриѓанка“ учествуваа на еден од најпознатите меѓународните фолклорни фестивали „Изник Фестивал“ и турнеата во Несебар, Бугарија, домашното културно уметничко друштво се врати со неколку награди и признанија.

Во Изник, КУД „Охриѓанка“ се здоби со признание и диплома за учество на фестивалот, додека во Несебар ја доби наградата златен орфеј и златен медал за освоеното прво место на Светкиот шампионар за фолклор.Со сребрен медал се здоби и кларинетистот Зоран Ратајкоски како дел од оркестарот на ова охридско културно уметничко друштво.

Членовите на Културното Уметничко Друштво Охриѓанка  со сплетовите „Малешевка и „Пиринско пролетно цвеќе“ ја станаа целата публика на нозе и  ја претставија земјава во најдобро светло во Турција и Бугарија и со своите перформанси ја воодушевија публиката.Секако за успешната турнеја говорат и освоените награди кои ќе бидат запишани како дел од историјата на ова друштво кое верно и неуморно работи да се покаже во и надвор од границите на Македонија.“ – велат од Организационен одбор на КУД Охриѓанка – Охрид.

OhridNews