Членовите на КУД „Охриѓанка” од Охрид, во рамките на своите можности учествувале во хуманитарната акција за помош на настраданите од поплавите во Македонија.
-Денеска собраната донација од страна на нашите членови и нивните семејства беше предадена на Црвениот Крст, од каде што понатака ќе биде дистрибуирана до поплавените краишта, информираа од уметничкото друштво. Оттаму се заблагодаруваат на сите хумани граѓани за донациите.
OhridNews