Четвртата фестивалска вечер на Балканскиот фестивал на народни песни и игри ќе донесе фолклор од Албанија, Хрватска и Македонија.
На сцената “Долни Сарај” ќе настапат културно-уметничкото друштво “Шињаковина” од Велика Горица, Република Хрватска и ансамблот од Поградец, Република Албанија.
Како домаќини, вечерва од 21 часот ќе се претстават членовите на културно-уметничкото друштво “Илинден “од Велгошти.
Балканскиот фестивал на народни песни и игри ќе биде отворен до 11 јули.
Ohridnews