Синоќа на сцената на Долни Сарај, фолклорниот ансамбал при КУД „Дримкол“ од Вевчани ја воодушеви публиката со својот сценски настап на „Балканскиот фестивал“.
Овој ансамбал на програмата оваа година се презентираше во ново светло, односно наспроти изворниот традиционален фолклор од Дримколската област преку кој го препознаваме, „Дримкол“ синоќа беше верен чувар и презентер на градскиот фолклор од југозападното играорно подрачје.
Градската носија, чалгиската музика, автентичните и грациозни чекори, староградските песни беа елемнтите кои придонесоа „Дримкол“ на оригинален начин да го пренесе на сцена градскиот фолклор од Битола, Охрид и од делови на Егејска Македонија, а со тоа уште еднаш да ја потврди својата посебност и оригиналност пред многу бројната публика на овогодинешниот фестивал на народни игри и песни „Балкански фестивал“ во Охрид.
OhridNews