Културно уметничкото друштво „Дримкол“ од Вевчани вчера ја претстави Македонската култура со концерт во Веспрем, Унгарија, Европскиот град на културата за 2023 година.
На концертот, како што соопшти КУД „Дримкол“ биле изведени песни и ора од различни етнички предели од нашата држава.
За нас е чест што ја претставивме Македонија во Европскиот град на културата оваа година. Одлично сме пречекани во Унгарија и среќни што сите концерти, кои ги одржавме беа посетени од многубројна публика и позитивни реакции, стои во информацијата.
Проектот „Презентација на Македонската култура во Веспрем“ е поддржан од Министерството за култура.
КУД „Дримкол“ одржало три концерти во Унгарија: Мохач, Осен и Веспрем. Турнејата ја почале на 11 октомври со концерт во Краљево, Србија.
OhridNews