- Прв пат сме на фестивал во Албанија и навистина сме пријатно изненадени од целокупната организација на фестивалот, топлиот пречек и гостопримство кои ни се укажуваат овие денови. Особено не радуваат рекациите на публиката кон македонскиот фолклор кој го прифаќаат со воодушевување и уживаат секоја вечер на отворената летна сцена во центарот на градот” – изјавија од канцеларијата на КУД Дримкол.
Ова е трето учество на меѓународен фестивал овој месец после учеството на фолклорните фестивали во Краљево, Србија и фестивалот Св. Тројца во Долно Лисиче, Скопје.
По завршување на овој фестивал, КУД Дримкол продолжува со своите концертни активности на охридско-струшкото крајбрежје, подготовка за учество на Балкански фестивал во Охрид како и подготовки за денови на Македонската култура во Истанбул, Р. Турција.
OhridNews