Културно уметничкот друштво „Дримкол,“ од Вевчани од 9-ти до 11-ти ноември 2014  година ќе ја претставува Македонија во Баку, Азербеџан во рамки на манифестацијата „Денови на Македонското културно наследство“.
 
Според планираното членовите на „Дримкол“  ќе настапат со целовечерна програма, при што ќе се презентираат традиционалните македонски песни, ора, носии и обичаи.

Во рамките на оваа манифестација проф. д-р Рубин Земон, претседател на научниот совет на Институтот за социо-културна антропологија на Македонија ќе одржи предавање за богатото мултикултирно наследство на Македонија, попратено со прикажување на неколку документарни етнолошки филмови.

Исто така ќе биде поставена и изложба на современи фотографии од културно наследство на Македонија, изготвени во соработка со Центарот за научни истражувања и промоција на културата „ХАЕМУС“ од Скопје, предводена од  м-р Василка Димитровска.

Организатор и домаќин на манифестацијата „Денови на Македонското културно наследство во Азербеџан“ ќе биде Организацијата за подршка и истражување на културно наследство „МИРАС“ од Баку, Азеребеџан, предводена од  проф. д-р Фариз Кхалили.

Деновите на Македонското културно наследство  се поддржани од Министерството за култура на Република Македонија.

OhridNews