Со традиционални македонски ора, изворни песни, обичаи и народни носии, Културно уметничкото друштво „Дримкол,“ од Вевчани ја претстави Македонија во рамки на манифестацијата „Денови на Македонското културно наследство“ која се одржа во градот Агсу во Азербејџан.

-На концертот присуствуваа значајни личности од политичкиот свет, уметници како и претставници на министерството за култура на Азербејџан предводени од Ариф Алиев директор за културно наследствои Марица Хусеинова главен проект менаџер за археолошки туризам. За прекрасниот концерт јавно на сцената се заблагодари и градоначалникот на Агсу, информираат од КУД „Дримкол“.

Оттаму потенцираат дека по завршувањето на концертот на играорците им биле потребни околу 2 часа за да се фотографира со сите присутни кои изразиле желба да имаат спомен од овој концерт.

OhridNews