Најавата која произлезе по денешната работна средба со градоначалникот на општина Охрид Константин Георгиески дека доколку е потребно Студентскиот дом „Никола Карев“ ќе биде пренаменет во обејкт за изолација и карантин за лесни случаи со корона вирус, внесе вознемиреност и паника и кај студентите и кај нивните родители.

Но, место за паника нема, вели директорот на Студентскиот дом „Никола Карев“, Жарко Куциноски.

Тргна лавината од реакции, а телефонот непрестанува да ѕвони. Јавно изјавувам дека објектот не е претворен во карантин и тоа би бил доколку се појави енормен број на заразени со корона вирус, а во Охрид за среќа нема ниту еден случај засега. Домот работи сосема нормално и нема простор за паника. – вели директорот на Домот Жарко Куциноски.

OhridNews