Една кучка во Германија окотила 17 кученца, и што е уште поважно сите биле живи и со добро здравје, на задоволство на сопственичката на кучката, која и помагала со седмици хранејќи ги кученцата со шише и цуцла.
Рамона Вегеман од едно место близу Берлин, навела дека едвај успевала да заспие по неколку минути во низа, за време на првиот исцрпувачки месец, трудејќи се сите кученца да преживеат. Рекла дека кога ќе завршела со хранење на последното кученце, првото веќе било гладно. Осум од кучињата биле женски, а девет машки.