По чудесното спасување по повеќе од два дена на девет лица од кои четири деца од хотелот „Rigopiano“ во централна Италија кој во средата вечерта беше уништен во силна снежна лавина, медиумите пренесуваат и дека и двете хотелски кучиња се пронајдени живи, јавува „Макфакс“.

Се стравуваше дека Лупо и Нувола, двојка од расата маремско-арбуршки овчари, кои се окотени и одгледани во хотелот „Rigopiano“, настрадале во лавината.

Но тие беа пронајдени како талкаат на улиците по Вила Куполи, местенце десетина километри оддалечено од хотелот. Засега никој не знае како стасале таму, а според сé судејќи тоа ќе остане мистерија.

Ги препознала Мартина Роси, вработена во хотелот која не била на работа кобниот ден. „Ги видов на улица и веднаш срцето почна да ми бие. Им довикнав и ме препознаа“, изјави за AFP.

Лупо и Нувола се нераздвојни и во декември имале сопствено легло. Откако сопствениот на хотелот и нивен стопан Роберто дел Роси уште се води како исчезнат, кучињата се сместени кај истиот локален жител кој неодамна вдомил нивно кутре.

Маремско-арбуршките овчари се одгледуваат во овој крај и се познати по изразено белото крзно.

OhridNews
извор: „Макфакс“