Звездата на Манчестер Јунајтед и сопругата во својата вила вредна околу 7 милиони евра изградиле луксузен оддел за своите кучиња. Сопругата инсистирала на најсовремено подно греење за кучињата, а Вејн Руни се согласил бидејќи и самиот ги обожава нивните три кучиња, а посебно она кое сопругата му го подарила за Божиќ.
Го платила околу две илјади евра. Греењето за кучињата ги чинело исто колку и да го ставале во некоја семејна куќа. Парот оваа година платил и тренер за кучињата бидејќи едното од нив стално вршело нужда во куќата.