Едно хуманитарно здружение од Нов Зеланд презело необичен потфат. Имено, одлучиле да научат три кучиња да возат автомобил за да покажат колку интелигентни суштества се тие, и со тоа би ги привлекле луѓето да ги присвојат. За овој потфат избрани се три кучиња, Монти, Џини и Потрер, а нивниот тренинг започнал со некои едноставни вежби како што се ставање на шепите на менувачот, и држење на волан на симулатор.
Следниот чекор за овие кучиња ќе биде да влезат во вистински автомобил заедно со тренер – совозач, кој ќе им помогне да управуваат со возилото. Нема да биде лесно, но ќе одат до крај, бидејќи сакаат да докажат дека и кучињата може да возат автомобил. На крајниот тест кучињата ќе возат по тесна стаза и ќе покажат дали научиле да кочат.