Кучињата скитници повторно ги има секаде. Слободно се шетаат низ центарот или се сончаат на бетонските површини пред прометните продавници. Но, не се секогаш “пријателски“ расположени. Пред десетина дена постара жена беше донесена на маларична по напад од куче скитник. За среќа не беше посериозно повредена, но беше видно вознемирена.


Во декември кучиња скитници нападнаа малолетно девојче во Струга, а неодамна домашен љубимец повреди четиригодишно девојче во Охрид. Проблемот со кучињата скитници кој е присутен и во другите градови, пред се се должи на непостоење на шинтерска служба и простор каде тие би се згрижувале.

Ohridnews